
Ву Нингси е пронајдена 12 часа по уривањето на зградата, а се здобила само со полесни повреди благодарејќи на нејзиниот татко, кој со своето тело ја заштитил од се што можело да падне врз неа.
– Детето преживеало само благодарејќи на тоа што нејзиниот татко со своето тело и создал простор за живот, изјавил еден од спасувачите.
При уривање на зградата животот го загубиле 22 лица, меѓу кои и мајката на девојчето, а спасени се петмина.
Причината за несреќата се истражува, но веројатно станува збор за комбинација од лоша градба, дотраеност на зградата и поројните дождови кои во последните денови го зафатија тој дел на Кина