Девојче од село Бардовци се удавило во семеен базен

Осумгодишно девојче од скопското село Бардовци доцна синоќа се удавило во базен од семејната куќа.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 21:15 часот по што девојчето, веќе починато, било однесено во комплексот клиники „Мајка Тереза’’ иако претходно Итна медицинска помош извршила реанимација.

Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.