![mvr1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/04/mvr1.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
Шеснаесет годишно девојче во тетовско се обидело да се самоубие пред родителите.
Како што информира МВР, О.Ш. (62) од тетовско Џепчиште вчера вечерта пријавил дека неговата малолетна, 16-годишна ќерка се качила на балконот во поткровјето на нивната куќа со намера да се фрли, односно скокне и да се повреди.
За кусо време, испратени се полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, како и медицинска и противпожарна екипа, кои ја затекнале потпрена на балконската ограда. Со ангажирање на полициските службеници, девојката набрзо е прифатена и внесена во внатрешноста на куќата, а потоа префрлена и задржана е во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
Според кажувањето на нејзините најблиски, таа подолго време се соочувала со психички растројства и се однесувала девијантно.