Девојче влегло во дупка со вода да го спаси братчето па се удавило

Девојче на возраст од 13 години починало откако паднало во ископ полн со вода за да го спаси својот помал брат и неговото другарче кои влегле да се искапат, денес во скопската населба Илинден, информираат од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 14.30 часот, на улицата број 2 во месноста Бигла, каде што имало ископ за темели за зграда. Девојчето кое живеело во населбата Илинден, паднало во ископот и се удавило. Мештаните веднаш повикале брза помош и го извадиле девојчето од водата. Лекарите од итната медицинска помош за кратко пристигнале на местото, но констатирале смрт.

Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто местото не било обезбедено.

Полицијата е на терен и го испитува случајот.