Мртва 21 годишна девојка утрово е пронајдена во тетовското село Сараќино.Портаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски потврдува дека утринава околу 10:30 часот во водите на Вардар е забележано женско безживотно тело, по што местото е веднаш обезбедено.
Станува збор за жителка на истото село, но нејзиниот идентитет се уште не се соопштува.
Повеќе детали се очекува да бидат познати по завршување на увидот кој е во тек.