
Британката Хана Пауeл добила тешко труење на популарниот грчки остров Закинтос, кога во еден бар испила пијалак во кој имало метанол. Таа била примена во болница сосема изнемоштена, со силни болки во стомакот.
Лекарите набргу и го санирале проблемот со бубрезите, така што ја ставиле на дијализа, но не успеале да и го повратат видот, и не знаат дали таа воопшто повторно ќе гледа.
Во текот на истрагата се испоставило дека за трагедијата на Хана најверојатен виновник е метанолот истурен во пијалакот што го пиела. Сопствениците на кафулето во кое Хана ве;ерта била излезена со приjателите, наводно биле познати по тоа што во пијалаците истураат метил- алкохол, за да не почуствуваат дека се разводнети.