Вечерва, на крстосницата на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, во близина на Железничката станица во Скопје, автомобил прегази девојка, која по несреќата остана да лежи на асфалтот, јавува „Телеграф“.
Од СВР-Скопје го потврдуваат настанот кој се случил околу 19 часот и 30 минути. Оттаму велат дека девојката била удрена од патничко возило марка „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки.
Според изјавите на очевидци, по ударот девојката не можела да се движи, а набрзо дошла и екипа на Брзата помош која ја одвела на една од скопските клиники. Портпаролот на СВР-Скопје за „Телеграф.мк“ потврди дека девојката била пренесена на Ургентниот центар.
Болнички извори за порталот информираат дека девојката е донесена во Ургентниот центар, каде во моментов се вршат дијагностички иследувања со цел да се утврди карактерот на повредите.