Тешка несреќа се случила вчера попладне во Тетово кога автомобил прегазил млада девојка, соопшти во петокот Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајниот инцидент се случил во четвртокот околу 18,30 часот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, 47-годишниот Ш.Х. од тетовското село Вејце, управувајќи автомобил „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 18-годишната Т.А.од Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката и била пренесена во болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.