Гостиварчанка на возраст од 20 години се обидела да изврши самоубиство со труење, информираше МВР.
Според полицијата, вчера на Ургентното одделение во гостиварската Општа болница била донесена девојка од Гостивар, која претходно испила извесна количина токсично средство за хигиена.
По укажаната лекарска помош, таа била пуштена на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.