
Тешка сообраќајна несреќа се случила денес околу 11 часот на стариот пат Охрид – Струга. До несреќата дошло кога се судриле патничко возило и мини- бус, јавува Охрид Њуз.
Според извори на Телма во оваа сообраќајкајна несреќа загинала дваесет и шестгодишна девојка која управувала со автомобилот.
Таа починала на пат кон болницата Св Еразмо. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.
Возачот и патниците од минибусот биле примени во болницата и сите се надвор од животна опасност.
ФОТО: Охридњуз.мк