Дваесет и четиригодишна девојка од Куманово загина во сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на регионалниот пат Куманово – Липково, информира денеска полицијата.
Несреќата се случила околу половина час по полноќ во селото Оризари кога Ф.М. (21) од Куманово возејќи „голф“ изгубил контрола над атомобил и удрил во далновод. При несреќата поради тешки повреди починала сопатничката Гиљсен М..
Возачот исто така е повреден и од кумановската болница поради сериозноста на повредите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.