Францускиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Самир Насри се покажа како одличен прогнозер затоа што пред неколку дена изјави дека најверојатно, престојниот Мундијал во Бразил ќе го следи од пред малите телевизиски екрани.
Освен неговото, во поширокиот список со репрезентативци кои добија покана од Дидие Дешамп, не може да се прочита и името на неговиот тимски колега, Гаел Клиши.
Далеку поголема разочараност од ваквиот потег на Дешамп демонстрираше понежната половина на Насри, прекрасниот британски модел Анара Атанес која напиша низа од навредливи реченици на нејзиниот официјален профил кој го има на познатата социјална мрежа “твитер”.
“Е.. се Франција, е.. се Дешамп. Каков е… селектор. Во случај да не ја сфативте мојата порака, пак ќе напишам. Е.. се ФРАНЦИЈА и е.. се Дешамп. Сакам да расчистам една работа. Не сум лута, напротив, ќе го имам мојот дечко во следните два месеца, но некој не го покажува потребното ниво на респект”, напиша Атанес.
Список со фудбалери: ГОЛМАНИ: Хуго Лорис, Стив Манданда, Микел Ландро. ДЕФАНЗИВЦИ: Рафаел Варане, Мамаду Сако, Метју Дебуши, Лорен Кошчиелни, Лукас Дигне, Елиакуим Мангала, Бакари Сања, Патрис Евра. СРЕДЕН РЕД: Јохан Кабаје, Пол Погба, Блаисе Матуиди, Муса Сисоко, Клемент Грениер, Рио Мавуба, Матју Валбуена. НАПАД: Карим Бензема, Франк Рибери, Антоан Гризман, Оливие Жиру, Лорик Реми.
РЕЗЕРВИ: Реми Кабала, Максим Гоналон, Александре Лаказете, Лорик Перин, Стефан Руфиер, Морган Шнидерлин, Беноа Темолинас.