-3.2 C
Skopje
вторник, декември 17, 2024

Дежурната Кузеска нека си го извести класниот дека нивната пратеничка група никогаш не е присутна во Собранието, порача Мицевски

Процедуралното го земам и за прес конференциите и графиките кои што ги правеше Социјалдемократскиот сојуз во минатиот ден на оваа тема. Па, да ја потсетам портпаролката на СДСМ, Кузеска и прес центарот на Социјалдемократскиот сојуз дека не се неработници пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во најголемиот дел е тука присутна, а од другава страна имаме помалку пратеници. Ако треба да бидам безобразен како вие што бевте безобразни ќе почнам да ги читам еден по еден кој не е тука, и кој не ја заслужува платата“, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ на денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија.
Мицевски додаде дека Социјалдемократскиот сојуз и шири невистини.

„Потребно е дежурната Кузеска да ја потсетиме и да му каже на класниот дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз не е присутна на работа. Исто така тоа може и да се види и од последниот извештај на „Мој пратеник“. Кога рековме дека активно ќе блокираме, активно блокираме и тоа ќе го направиме со присуство на пленарна седница со зборување за сите штетни политики. А, вашите спинови и обиди надвор од оваа зграда да се прикажуваат пратениците како неработници е навистина страшно за оваа куќа, за домот на демократијата“, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека од денес пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз ќе види како сите седници тој ќе ги почнува со потсетување на тоа кои не се присутни тука.