![sumski pozar serta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/sumski-pozar-serta.jpg?resize=696%2C564&ssl=1)
Дежурни екипи составени од Територијалната противпожарна единица Делчево, Јавното комунално претпријатие „Брегалница” и Национални Шуми ќе вршат контрола на опожарениот терен кај депонијата Острец.
Огнената стихија, како што информираат од терен, во моментот е стивната, но поради отежнатите ноќни услови и ветрот екипите ќе останат да дежураат во текот на ноќта.
Оттаму апелираат до населението од блиските куќи да не создаваат паника, бидејќи е отстранета опасноста од проширување на пожарот на нивниот имот.
Причината за повторното реактивирање, според ТППЕ Делчево, е ветрот кој засилено дуваше во текот на денот.