Дезинформациите за заминувањето на Груевски се пуста желба на Заев и на СДСМ

Дезинформациите раширени во медиумите на СДСМ – Сорос се само пуста желба на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

Претседателот Никола Груевски ја има целосната доверба на партиските структури.

Во моментов тој е политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба меѓу народот.

Никола Груевски е политичарот кој 10 години наназад добива најголема поддршка на изборите.

СДСМ – Сорос ќе се уверат и на претстојните избори дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна политика.

Дезинформациите раширени во медиумите на СДСМ – Сорос се само пуста желба на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш ќе биде жестоко поразен на изборите и ќе мора да ги врати парите кои ги украл од граѓаните.