DHL: Скопје е 10. најповрзан град за нас во Светот

Изданието за 2016 година, од автор кој е интернационално признат експерт за глобализација, професор Панкаџ Гемават, во соработка со Стивен А. Алтман, вели дека глобалната поврзаност, мерена преку прекуграничните текови на трговија, капитал информации и луѓе, ги надминала своите рекорди кои беа забележани во предкризната 2007 година дури во 2014 година. Во 2015 година, глобализацискиот посткризен подем се забави, но податоците индицираат дека процесот не почна ни да се деградира. Моментално достапните докази, сеуште прелиминарни во некои области, посочуваат дека светот беше за 8% повеќе поврзан во 2015 година одколку во 2005 година.,

Скопје

„Глобализацијата служеше како светски мотор на прогрес за повеќе од половина век“, вели главниот и одговорниот на германската подружница на DHL, Франк Апел. „GCI забележува дека глобализацијата конечно закрепна од финансиската криза, но и предстои неизвесна иднина. Многу е важно за креаторите на полисите и бизнис лидерите да ја да ги поддржат местата каде што глобализацијата би можела да „цвета“ и каде што би можела да го подобри квалитетот на граѓаните од целиот Свет“

ДЕСЕТ КЛУЧНИ ТОЧКИ

  1. Светското вкупно ниво на глобалната поврзаност конечно го надмина својот предкризен врв за време на 2014 година и почна да се искачува многу бавно во 2015 година.
  2. Додека интернационалната трговија остана под притисок во 2015 година, зголемена размена беше забележна на капитал, луѓе и особено на информации.
  3. Вистинските нивоа на глобализација се сеуште ниски, за разлика од тоа што луѓето претпоставуваат, што значи има простор за нивна исправка и уште повеќе глобализирање.
  4. Растојанието сеуште е фактор – дури и онлајн. Повеќето од интернационалните текови се случуваат внатрешно одколку меѓу региони.
  5. Европа останува светскиот најглобализиран регион со 8 од 10 најглобализирани држави – што не потсетува за тоа што дисинтегрирањето може да ни донесе како ризик.
  6. Холандија рангира највисоко во повеќето области за глобализација, Сингапур доминира по поглед на длабочината додека Обединетото кралство во ширина.
  7. Новите економии тргуваат подеднакво интензивно исто како и напредните економии, но напредните економии се од четири до девет пати повеќе интегрирани во интернационалниот тек на капитал, информации и луѓе.
  8. Глобализацијата и урбанизацијата покажуваат особен интерес во посилните градови.
  9. Сингапур го достигнува врвот во нашите нови градски индекси за глобализација: Глобализациски хотспотови (градови со најголем проток на информации) и Глобализациски Џинови (градови со најголемите апсолутни интернационални текови).
  10. Гледајќи напред, иднината на глобализацијата е прекриена со невобичаена доза на несигурност и критично зависи од изборот на креаторите на полиси ширум светот.