Италијанското Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) работи на тоа земјата да добие нова цврста влада, изјави во четвртокот Луиџи Ди Мајо по консултациите кај претседателот Серџо Матарела, но не го именуваше можниот коалициски партнер.
„Последните часови ги покренавме сите потребни разговори за да се најде цврсто мнозинство кои треба да им служи на граѓаните. Нема да дозвоилиме бродот да потоне“, рече лидерот на М5Ѕ, Луиџи ди Мајо, вицепремиер на заминување по консултациите во претседателската палата Квиринале, истакнувајќи дека неговата политичка група има релативно мнозинство околу кое може да се гради нова коалиција.
Коалицијата на антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди и на суверенистилката крајно десна партија Лига се распадна, а сега на Ди Мајо единствен можен коалициски партнер му е левичарската Демократска партија (DP).
„Двиежењето пет ѕвезди не сака да им се покорува на летните хирови “, рече Ди Мајо, алудирајќи на најавата на Матео Салвини, вицпермиери и минситер за внатрешни работи на заминување и челник на Лига од 8-ми август, дека ја прекунива коалицијата која беше формирана пред 14 месеци.
Ди Мајо притоа претстави листа од десет приоритетит кои делумно се совпаѓа со новата листа која претходно ја претстави Демократската партија. Оваа партија која е во голем пад на популарноста и доживеа криза со расцепкување претходно рече дека не е подготвена да формира влада „по секоја цена“ со својот поранешен најголем противник Движењето пет ѕвезди.
„За нас тоа не е лесен избор“, рече челникот на PD, Никола Ѕингарети по раговорите со претседателот Матарела, и додаде дека неговата партија не е заинтересирана за „влада по која и да е цена“ со Петте ѕвезди. Повтори повеќе услови, вклучително и доследноста М5Ѕ да ги следи проевропските политики, како и да зазема полиберален став кон имиграцијата.
Друго проблематично прашање е повикот на Ѕингарети на „дискуинитет“, по што се подразбира вето премиерот на заминување Џузепе Конте повторно да биде челник на владината администрација.
На консултации кај претседателот Матарела беше и челникот на Лига, Матео Салвини, кој за новинарите изјави дека е подготвен да размисли за обновување на коалицирањето со Движењето пет ѕвезди.
„Јас сум практичен човек“, рече Салвини. Истакна дека промената на мислењето е можно, доколку неговиот поранешен партнер повеќе не ги блокира реформите за коишто се залага Лига. Доколку не се успее во тоа, смета дека единствена алтернатива се предвремените парламентарни избори оваа есен.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела, во четвртокот вечерта на крајот од дводневните консултации за надминување на владината криза, најави дека следниот вторник ќе ја започне новата рунда преговори со претставници на политичките партии.
„Можни се само влади кои ќе добијат довреба во парламентот врз основа на програмата. Доколку нема такви услови, единствениот излез се изборите“, рече Матарела за новинарите во претседателскиот дворец Квиринале.
Додаде дека учесниците на консутлациите го информирале за водените преговори за формирање ново парламентарно мнозинство.
„Од мене беше побарано да дадам време за развој на таквиот дијалог. Од страна на редица политички сили беше демонстрирана можност за спроведување дополнителни проверки. Моја должност е да барам забрзување на носењето одлуки“, рече Матарела.
„Ќе спроведам нови консултации, кои ќе започнат во вторник, со цел да направам заклучоци и да ги донесам ппотребните одлуки“, заклучи италијанскиот претседател.