Ди Марија и Маркињос ограбени за време на мечот со Нант

Домовите на двајцата фудбалери на ПСЖ, Анхел Ди Марија и Маркињос се ограбени во неделата додека двајцата го играа првенствениот натпревар против Нант, пишува во понеделникит францускиот спортски весник L’Equipe, додавајќи дека во текот на грабежот членовите на семјствата на играчите биле држени како заложници.

Поради тоа, по кусиот разговор со спорскиот директор на клубот Леонардо, тренерота на ПСЖ, Маурисио Покетин, го извади од игра Ди Марија во 62 минута.

Во соопштението на ПСЖ, бразилскиот бек и капитен на екипата Маркињос изјави дека куќата на неговите родители е ограбена во текот на натпреварот против Нант додека неговито семејство било таму.

„Но никој не е повреден и сега сите се добро. Француските власти ја покренаа истрагата“, изјавил Маркињос.

Ди Марија, кој штотуку го продолжи договорот со ПСЖ на уште една сезона до 2022 година, веќе еднаш беше жртва на обид за храбеж во 2015 година, кога настапуваше за Манчестер Јунајтед.

Во написот на L’Equipe се наведува дека ограбувачите успеале да украдат сеф од куќата на Ди Марија во кој се наоѓал накит и часовници во вредност од најмалку 500.000 евра.

ПСЖ синоќа инаку беше изненаден на својот „Парк на принцовите“ од претпоследниот тим на табелата Нант, кој со 2:1 славеше, првпат по 2002 година во Париз.