Сосема заслужено, аргентинскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Анхел ди Мариа е прогласен за МВП на финалниот натпревар, а веднаш откако го подигна драгоцениот пехар, крилниот напаѓач изјави дека успехот има уште поголемо значење затоа што е остварен на стадионот на Бенфика, на истиот стадион на кој има одиграно неколку одлични сезони во дресот на Бенфика.
„Уживање е да се освои трофејот што отсекогаш сум го сонувал. Среќен сум за себе, за тимот, за навивачите, се жртвувавме во текот на целата година и ова е нашата награда. Овие денови се чуствував како дома, постигнав многу работи во дресот на Бенфика, ми беше чест да се вратам на овој стадион и да остварам нов успех во својата кариера“, изјави репрезентативецот на Аргентина.