Ди Марија се сели во Манчестер Јунајтед

Фудбалскиот интернационалец од Аргентина Ди Марија, од Реал Мадрид се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

Фудбалерот од средниот ред е во тренинг полигонот на клубот во Керингтон, а медиумите од Англија тврдат дека е подготвен да стави потпис на вносниот договор со Јунајтед.

Составот на Луи ван Гал за Ди Марија ќе издвои 60 милиони фунти, додека мадриѓаните ќе бидат и побогати ако фудбалерот ја освои Златната топка.

Со ова Ди Марија ќе биде најскапиот фудбалер на Островот на сите времиња, затоа што Челзи го доведе Фернандо Торес за 63 милиони евра.

Фудбалскиот репрезентативец на „Гаучосите“ ќе заработува по 200 илјади фунти седмично, тврдат медиумите.

Ди Марија со ова ќе биде вториот најплатен фудбалер на „Олд Трафорд“, подобро заработува Вејн Руни.

Јунајтед во своите редови, заедно со Аргентинецот, ги доведе и Маркос Роха, Андер Ерера, како и Лук Шо.