18.8 C
Skopje
недела, март 9, 2025

Дибала се повредил изведувајќи пенал, Аргентина без него на Мунијалот во Катар

Вчера Рома го победи Лече со 2:1 во италијанската Серија А, но по овој натпревар стигнаа лоши вести за Паоло Дибала.

Аргентинскиот фудбалер постигна гол од пенал, но при изведувањето на пеналот Аргентинецот се повреди. Неговата ситуација воопшто не била добра, тоа го потврди и Жозе Мурињо.

Според неговата изјава, Дибала ќе го пропушти Светското првенство и ќе се врати на терените дури во наредната 2023 година.

„Ситуацијата е навистина лошо, разговарав со неговиот доктор и според она што ми го кажа со моето искуство не очекувам да го видиме на теренот пред 2023 година. Имав разговор и со Паоло, навистина е разочаран“, изјави Мурињо.

Дибала и во Јувентус често се соочуваше со повреди, а токму тоа беше и причината поради која Јувентус не сакаше да му ги исполни барањата за новиот договор. Сезонава во Рома постигна седум гола и додаде 11 асистенции.