Дибиров, Митревски и Јотиќ дел од најдобриот тим за септември во СЕХА лигата

Ракометната СЕХА лига ги одбраа најдобрите играчи и тренер месец за септември.

Во идеалните седум влегоа тројца членови од македонските претставници Вардар и Еурофарм Работник.

Од „црвено-црните“ место во најдобрите за минатиот месец најде крилото Тимур Дибиров, додека од битолскиот тим одбрани се голманот Николче Митревски и бекот Ловро Јотиќ.

Покрај ракометарите од македонските екипи, во идеалниот тим се наоѓаат уште Јовица Николиќ (Војводина), Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест), Расмус Лауге (Веспрем) и Максим Бабичев (Мотор Запорожје).