
ДИЦ претходно информираше дека поради продолжување на зимскиот распуст, екстерно проверување на постигањата на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година.
Една недела пред тестирањето учениците ќе добијат информација за деновите на тестирање, а три дена пред тестирањето (27 јануари 2017) ќе бидат објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани.
Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.