Со ова пишување сакам да ги запознаам амбасадите во Република Македонија, пред се американската, холандската, како и некои меѓународни институции кои третираат прашања од човековите права, борбата против дискриминацијата на политичките неистомисленици, дека државните институции наместо да ги почитуваат начелата на законитост, правичност ги применуваат партиските директиви на Власта.
Така, во ова прилика сакам да се остврнам на Државниот испитен центар (ДИЦ) кое има својство на правно лице, и е во тесна соработка со Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образованието (БРО) и други институции.
Имено, согласно Закон за Државен испитен центар, суштинска цел на ДИЦ е да организира, спроведува и дава подршка на екстерното оценување и проверување на постигањата на учениците во основното и средното образование, оспособување на кандидати за директори, како и полагање на испитот за директори на основните и средните училишта се основа на ДИЦ како орган кој е самостоен (теоретски, а не практично) во своето работење.
Органи на ДИЦ се Управниот одбор и директорот. Претседателот и членови на управниот одбор ги именува и разрешува Владата. Нивниот мандат е шестгодишен и можат да бидат именувани повторно. Со ДИЦ раководи директор. Директорот на предлог на министерот за образование и наука го именува и разрешува Владата на Република Македонија. Мандатот на директорот се избира од пет години, со можност повторно да биде избран…
Почитувани екселенции и читатели, за работата и „сериозноста“ на ДИЦ најдобро се согледаа годинашниве матурските испити, како поминаа, „вибер“ препишувања пишувањата на матурантите пробивања на тестовите и слично. За ваквиот скандал вината на министерот за образование и наука ја префрла кон несериозноста на работата на ДИЦ и обратно. Иако вината е на обете страни, каде што комисијата за матурските испити е составена од членови на МОН и ДИЦ. Се закануваа одговорности! Барања за оставки! Но, од тоа ништо. Бидна како што вели народот „Секое чудо за три дена“. Во правна и функционална држава си поднесуваат неотповикливи оставки. Во македонските институции нема казнивост-одговорност. Затоа сме таму каде што сме!. Хибридна држава!.
Па така, почитувани екселенции и меѓународни институции за човекови права за борба против дискриминацијата, во моето натамошното пишување ќе се осврнам на незаконските постапки на поставените директори на ДИЦ-кои се продолжена рака на сдсм-овската политика.
Што предвидува Законот за обука и испит на директори?
Согласно Законот за обука и испит на директори на основни училишта, средни училишта, ученички дом и отворем граѓански универзитет за доживотно учење, во конкретниов случај би се осврнал на два члена од Законот, што е многу важно и битно за коментирање.
Имено, согласно член 12 став 1 стои: „Испитот за директор се полага пред Испитна комисија формирана од директорот на Државниот испитен центар (ДИЦ). Коментирам: Директори на високи позиции на СДСМ!
Во ставот 2 од истиот член стои: „Испитната комисија се состои од претседател и четири членови. Претседателот и еден член на Испитната комисија се од редот на вработените во ДИЦ, два члена се од редот на вработените во високообразовните установи, кои имаат најмалку завршено високообразование V!!/2 степен или 300 кредити според ЕКТС од областа опфатени со модулите и еден член од МОН, кој го предлага министерот за образование и наука“.
Почитувани екселенции и читатели. Да не бидам погрешно сфатен дека сум против директори на ДИЦ што се од политичката партија на СДСМ, како и од коалицискиот партнер ДУИ. Не, туку проблемот е во тоа што овие директори спроведуваат партиски директиви и со нивните постапки ги прекршуваат начелата на законитост, еднаквост кон сите лица без разлика на партиска или било која основа, а со тоа се прави дискриминација. Во конкретниот случај, кој подолу од текстот што ќе следи, сами ќе согледате и констатирате!.
Во член 13 од законот за испит на директори, стои: Испитот за директор се состои од три дела и тоа:
- Практични проверки на комјутерски вештини,
- Проверка на способности за примена на теоретски знаења и
- Презентација и одбрана на завршен семинарски труд
Во оваа пригода, на моето пишување ќе се осврнам на реакциите и поплаките кои стигнуваат од повеќе општини од Република Македонија, а во однос на неможност полагање на испити за директори во поголем број основни и средни училишта од страна на Државниот испитен центар (ДИЦ).
Кои се реакциите на кандидатите за директори
Еве, еден мал дел реакции: Од општина Кочани во месец мај 2023 година, двајца (2) директори и тоа еден (1) од основно и еден (1) од средно образование, не го положија завршниот испит за директори, а тоа е во делот на Презентација и одбрана на завршен семинарски труд со образложение за плагијатсво? Им го поставувам прашањето на директорите на ДИЦ: Дали е точно, дека на повеќе кандидати за директори им се даваат исти семинарски работи со можност за да им наметне дека семинарскиот труд им е плагијат? Одговор барам! Ова барам компетентно да се истражи-испита од независни лица! Вакви и слични искази од повеќе кандидати од повеќе општини доаѓаат од Скопје, Битола, Прилеп… Иако истите ги имаат поминато сите модули и се подмирени сите финансиски средства кои се побарани од ДИЦ (сумата на парични средства не е мала. Ова е веќе за истражување за други надлежни институции, за кои ќе бидат писмено известени!) и сега се чека ДИЦ да организира полагање.
Од општините Македонска Каменица, Василево, Босилово кандидатите за директор од овие основни училишта, не го положија испитот во месец мај 2023 година. Па понатака, во општина Зрновци двајца директори ги поминале сите модули, а се уште немаат полагано, бидејќи ДИЦ не организира полагање. За жал еден од кандидатите директор – починува. Зарем ова не е монструозно? Идиотизам!
Треба да се напомене дека во сите овие општини градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорските кадри на СДСМ се под притисок на партијата да си поднесуваат оставки, со цел да се „купи“ време да не се реализираат обуки, да не се формира комисија кој ќе го спроведе полагањето на завршниот испит.
Вршителот на должноста (ВД) директорите на ДИЦ високи функционери на СДСМ ги користат сите „слабости“ во Законот што можат повеќе да добијат на време да не организираат да не се дозволи на директорите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ да положат.
Директорите од ВМРО-ДПМНЕ кој не го положиле испитот имаат поднесено жалби до Второстепената комисија, односно до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен – каде што претседател е Даница Чадиева, претседател на општинската организација на СДСМ-Велес.
Од оваа Државна комисија добиваат негативни одговори дека „не се надлежни за нивниот случај“, па кандидатите директори се принудени своите законски права да ги бараат пред судските органи.
Вршителот на должноста (ВД) директорите на ДИЦ високи функционери на СДСМ, свесно не им дозволуваат на кадрите кандидати за директори кои не се од политичката партија СДСМ да ги положат испитите за директори, со тоа им ја отежнуваат работата на градоначалниците кој неможат да распишат Оглас за директор на училиштето и се принудени истите ВД директори да ги назначуваат повеќе пати. Со тоа го прекршуваат Законот за основно образование, а тоа е главната цел на Вршителот на должноста (ВД) директорите на ДИЦ високи функционери на СДСМ и на политичката партија СДСМ, а тука е и уделот на политичката партија ДУИ, односно на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, да им ги одземат ингеренциите на градоначалниците кои не се од политичката партија СДСМ или ДУИ.
Кои се директори на ДИЦ-СДСМ
М-р Елизабета Наумовска-висок функционер на СДСМ од Битола, од 29.08.2019 до 22.09.2020г. на функција Заменик министер за образование и наука и од ноември 2020 година ја извршува функцијата директор на ДИЦ. Истата е на регистар за донации на СДСМ за 2021година, под бр.68,донирала 3200,00 денари.
- Во периодот на ова директорка на ДИЦ, спротивно на член 11 и член 13 од Законот за обука и испит на директори на основно училиште,средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, по успешно следење на обука за директор и по положување на прв дел (Практични проверки на комјутерски вештини), и втор дел (Проверка на способности за примена на теоретски знаења) од наведениот закон и кога требало да следи третиот дел на испит за директор на 32-та испитна сесија, по одлука на директорот на ДИЦ м-р Елизабета Наумовска, истата се поништува.??? Зошто? Од каде директива!?
Директорката Елизабета Наумовска (во својот мандат) ја поставува следната Комисија за испит за директори:
Благица Павловска-претседател од ДИЦ-СДСМ
Аргтим Салиу-член од Универзитет „Мајка Тереза“-Скопје- ДУИ
Неџат Сабедини- член од МОН-ДУИ
Јосиф Петровски-член од УКЛО-Битола -доцент на Педагошкиот факултет-Битола и член на Извршниот одбор на ОО СДСМ-Битола и
Александар Димитриев-член од ДИЦ
По заминувањето на директорката Елизабета Наумовска од ДИЦ, од редот на вработените на ДИЦ, се поставува за ВД директор М-р Благица Павловска- висок функционер на СДСМ, член на Комисија за земјоделство на СДСМ и активен член на кампањата „Рамо до рамо“. Близок човек на Генсекот на СДСМ Миле Зечевиќ.
Со самото поставување за ВД директор м-р Благица Павловска, носи иста уште една одлука ( на 02.12.2022г) за поништување на истата 32-ра испитна сесија и потпишана од нејзина страна со што испитната сесија се поништува и сите дејства од истата, пријава, документи, завршни теми се поништуваат, односно стануваат ништовни. Ваквите дејствија на оваа директорка е противзаконита, манипулативна и дискриминативна. Одговорност нема!.
И сега повторен парадокс, на ден 20 април 2023 година од страна на Комисијата за полагање на испит за директор, ги информираат по онлајн дека ќе ја организираат повторената 32-ра испитна сесија, цитирам: „Имајќи го во предвид предлогот на директорката на Државниот испитен центар за признавање на првиот и вториот дел на испитот, како и извршените консултации со надлежната инспекторка на ДПИ за начинот на признавање на положеноста на првиот и вториот дел од испитот. Комисијата за полагање на испит за директор ве известува дека ќе организира повторна 32 испитна сесија односно полагање на третиот дел од испитот“
Зошто советникот за комјутерски обработки на податоци при ДИЦ-реагира
За поништувањето на 32-та испитна сесија за директори со реакција на соопштението на директорот на ДИЦ Благица Павловска, се јавил Ќебир Шемши, советник за комјутерски обработки на податоци при секторот на испити, ИТ и истражување во ДИЦ. Кој како претседател на Комисијата за испит за директори, меѓу другото истакнува: „Ве известувам дека полни два(2) месеци-декември 2022 година и јануари 2023 година (во тој период секако ВД директорката ако имаше волја ќе ја решеше позитивно по вас целата ситуација) и покрај секојдневните наши заложби и наоѓања начин за позитивно и брзо решавање на настанатиот проблем, бевме комплетно манипулирани и игнорирани од нејзина страна, впрочем како и вие за цел овој период“(извор Канал 5,10.март 2023)
Третиот В.Д. директор М-р Билјана Михајловска- член на СДСМ и член во Извршниот одбор на форумот на жени на СДСМ. Донатор на донации на транцасиска сметка на СДСМ. За 2019 г.под реден бр. 35, донирала 5100 денари, а во 2022 година под ред.бр.213, донирала 4000,00 денари. Коментар не е потребен!
Кој е претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
Претседател е Даница Чадиева, актуелен претседател на Општинската организација на СДСМ-Велес, поранешен адвокат. Од СДСМ истакнуваат, дека таа е „непоколеблив борец за човекови права…“, така што сите доставени жалби од страна на кандидатите за директори кои не се од политичката партија СДСМ до Државната комисија за одлучување во управна и постапка и постапка од работен однос во втор степен – „СЕ НЕОСНОВАНИ“.
Па така, да ја потсетам македонската јавност и моите читатели, како и екселенциите и меѓународните институции за следното: На прашањето на 360Stepeni, кој ја прашаа Даница Чадиева: Колку од нејзините одлуки во Второстепената комисија се „позитивни“ по основ на 8162 тужби од полицајците во 2017/2018 и 2019 година? и Зошто МВР и Обвинителството не отвараат истрага против Даница Чадиева за „несовесно работење“? Само да се знае и да ги потсетиме нашите читатели, екселенции и меѓународни институции, следи:
„Така, за две години во МВР се исплатени осум (8) милиони евра по основ на ТУЖБИ за распределување.
Така во 2017 година се евидентирани 2226 тужби, 2018 се евидентирани 2362 тужби и во 2019 година, се евидентирани 3574 тужби за спорови за права од работен однос на вработените во МВР. Што е зголемување за 62%(отсто) во однос на 2017 година.
Најголем дел од оваа бројка се однесува на надоместоци од работен однос каде во 2019 година, има околу 50%(отсто) зголемување во однос на 2017 година“.
Еве, вака политички работи Државниот испитен центар како и други државни македонски институции!
Доставено и до американската, холандската и други меѓународни институции во Македонија!
Зошто не доставувам до домашните македонски институции! Одговорот го барам од ВАС!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес