Пред една недела изјави дека ако треба и физички ќе се пресмета со дефанзивецот на Реал (М), Серхио Рамос, а веднаш по пријателскиот натпревар против селекцијата на Италија, напаѓачот на Атлетико (М), Диего Коста изјави дека има братска врска со репрезентативниот колега.
“Серхио Рамос? Ние сме како браќа. Среќен сум поради дебито во репрезентативниот дрес на Шпанија. Пред овој натпревар имав чувство дека носам мајмун на мојот грб, а после натпреварот имам чуство дека мајмунот повеќе не е на мојот грб. Се ќе беше совршено ако постигнев и погодок, но и вака сум среќен. Сега морам да се фокусирам на мојот тим, мора да продолжам со голгетерскиот ритам. Само така ќе го задржам моето место кое го имам во репрезентацијата на Шпанија. Сите знаат дека сум роден во Бразил, но и дека сакав да играм за Шпанија. Никогаш нема да ја заборавам подршката која ја добив од раководните структури во Фудбалската федерација на Шпанија”, изјави Коста.