Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по победата против Елче со 1:0, најави дека мадридскиот тим ќе се обиде да го засили нападот пред крајот на трансфер периодот, на крајот од месецов.
-Подготвувањето за сезоната беше тешко. Нашите играчи одиграа многу меѓународни натпревари. Мора да работиме на нивната свежина. Сакаме да донесеме двајца нови играчи, а особено ни е потребен напаѓач. Ќе бараме соодветна опција. Ако не можеме да најдеме, ќе мора да се прилагодиме, како и секогаш – изјави Симеоне за „Марка“.
Атлетико по две кола има шест бода и е на првото место на табелата.
Клубот од Мадрид е бранител на шампионската титула освоена минатата сезона.