Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден собра милиони долари за својата новинска фондација од продажба на дигиталната уметност.
Автопортретот на овој 37-годишник создаден од страниците на судските документи во САД, на наддавањето е продаен за криптовалутата Етериум (Etherium) вредна околу 5,5 милиони долари.
Сноуден им се заблагодари на понудувачит во твит. Приходот оди на сметката на фондацијата Freedom of the Press којашто Сноуден ја води од 2017 година.
Сноуден, поранешен припадник на американската Национална агенција за безбедност (NSA), во 2013 година ја разоткри за медиуми огромната активност на американската влада пред да побегне од САД, прво во Хонгонг, а потоа откако беше блокиран со месеци на аеродромот во Москва во обвидот да замине во некој земја во Латинска Америка, остана до денес да живее во Русија.
Сноуден во САД е обвинет за загорозување на националната безбеднсот, откако објави како американското разузнавање преку водечките интернет платформи и телеком оператори следи десетици милиони луѓе во светот, вклучително и странски државници од кои многумина американски сојузници.
Правните документи кои се користени за портретот на Сноуден се од судската одлука која ги прогласи незаконски активностите на NSA за собирање телефонски податоци во сопствената земја.
Сноуден делото го продаде како NFT (незаменлив дигитален токен). NFT е дигитален „предмет“, како на пример цртеж, музика, фотографии или видеа со потврда за автентичноста создаден со „blockchain“ технологијата која станува сѐ попопуларна.
Се смета дека автентичноста зад којашто стојат компјутерските мрежи е непробојна. Виртуелниот предмет, а всушност станува збор за компјутерски запис, може да се продаде или замени заедно со Потврдата за автентичноста.
Секој NFT, којшто се темели на блокчејн технологијата, има сопствен дигиталени потпис кој служи како јавна книга, со што корисниците може да ја проверат автентичноста и сопственоста на капиталот.
Кон средината на март Џек Дорси, шеф и соосновач на платформата за размена на куси објави Twitter, го продаде својот прв твит во форма на неземенливиот токен (NFT) за малку повеќе од 2,9 милиони долари. Твитот е во форма на NFT, новите дигитални токени слични на криптовалутите, кои представуваат уникатнат дигитална сопственост односно капитал чијашто популарност експлодираше во 2021 година.
We have a winner, internet friends. I want to extend a very special thanks to everyone who followed this over the last 24 hours, and the deepest gratitude from EVERYONE at our @FreedomofPress to those who bid on our charity event. You help us make a better world. Stay free! https://t.co/A5SJDs5Sjp
— Edward Snowden (@Snowden) April 16, 2021