До 17 часот и 40 минути правото на глас го искористиле 693.091 граѓани, односно 41,23 отсто од гласачкото тело, соопшти ДИК.
Според бројот на излезени гласови во однос на бројот на жители кои имаат право на глас предничи Битола каде правото на глас го искористиле 42.532, односно 54,01 отсто од гласачкото тело.
Во Прилеп на гласање излегле 36.744 граѓани, односно 58,82 отсто од граѓаните со право на глас. Во Општина Аеродром до 17 часот и 40 минути правото на глас го искористиле 34.731 граѓани, односно 54.03 отсто, додека во Куманово гласале 33.537 граѓани, односно 38,29 отто од гласачкото тело.
Според информациите на ДИК, излезноста е најмала во Липково – 1.981 граѓани, односно 8,09 отсто, Теарце – 3.419 граѓани, односно 16,17 отсто, Студеничани- 2.334 граѓани, односно 15,52 отсто од гласачкото тело, Врапчиште 12,13 отсто, Сарај, каде правото на глас го искористиле 2.679 граѓани и Желино каде излезеноста била 7, 60 отсто од избирачкото тело, односно гласале 1.648 граѓани кои имаат право на глас.
На претседателските избори во 2009-та година до 17 часот и 40 минути излезеноста на гласачкото тело изнесувала 48,73 отсто.