Државната изборна комисија денеска одби 86 приговори поднесени од БЕСА за вториот изборен круг од локалните избори. Приговорите беа за општина Чаир.
Според ДИК, приговорите немаат доволно аргументи, ниту за нив има забелешки во записниците.
Членовите на ДИК исто така отфрлија уште 5 од вкупно 13 жалби на Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, со истото образложение.