ДИК ги соопшти резултатите од прегласувањето

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски ги соопшти резултатите од прегласувањето на седум гласачки места. ДИК вечерва ги сумираше вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување.

Во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74.287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27.278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26.668 гласови или три мандати, Левица .има 9.850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10.793 еден мандат и ЗНАМ 8.671 или еден мандат

Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47.849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21.639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6.414 или еден мандат.

Даштевски информираше дека почнуваат да течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите е до петок, 22 часот.

Според резултатите од 8 мај, во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ имаше 10 мандати, Европски фронт 4, СДСМ три и по еден имаат Левица, Вреди и ЗНАМ.