ДИК: Иванов доби 429.778, а Пендаровски 311.258 гласови

Според податоците на ДИК, Ѓорге Иванов добил 429.778 гласови  (51,66 %), Пендаровски 311.258 (37,41 %) , Илијаз Халими 38.270 (4,60 %), а Зоран Поповски добил 30.092 гласови (3,62 %).

Гласањето поминало мирно со еден инцидент во Неготино, каде што по кршење на кутијата за гласање, гласачкото место било затворено.

Резултатите се добиени од обработени 97,12 проценти од избирачките места.

Вкупен број на запишани избирачи кои имаат право на глас се 1 милион 779 илјади 572, а гласале 832 илјади 008 избирачи.