Државната изборна комисија, од битолската печатница АД „Киро Дандаро“ почна да го презема и врши дистрибуцијата на избирачкиот материјал за претседателски избори што ќе се одржат в недела. Изборниот процес ќе го следат 8.325 домашни акредитирани набљудувачи и 326 акредитирани набљудвувачи од странство.
1.779.572 граѓани имаат право на глас според единствениот избирачки список.
Според листата на кандидати за претседател на земајва под реден број 1 е Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалиција „За подобра Македонија“, под реден број 2 е Иљаз Халими, кандидат на Демократска партија на Албанците-ДПА, под реден број 3 е Стево Пендаровски, кандидат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија-СДСМ и под реден број 4 е Зоран Поповски, кандидат на група избирачи Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ.
На кандидатите предложени од група пратеници ќе го пишува името на кандидатот, бројот на пратениците кои го предложиле и партискиот симбол, а на оние кои се предложени со потписи на граѓаните до името на кандидатот ќе пишува група избирачи и симболот на партијата.