ДИК: Сите гласачки места се отворени, до 9 часот гласале 5,19 отсто од гласачите

Државната изборна комисија информира дека сите гласачки места утрово се отворени навреме и процесот се одвива непрекинато и без проблеми.

До 9 часот од обработени податоци за  2..326 места  гласале 5,19 отсто од гласачите.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани го соопшти процентот на изленоста на гласањето вчера во казнено-поправните домови, старските домови и на боните и немоќните на целосно обработени податоци.

Во казнено-поправните домови од вкупно 1 657 лица, гласале 1 282 или 76,76 отсто.

Од вкупно пријавени 8 325 пријавени болни и немоќни лица, гласале 94,04 отсто, додека во старските домови од 357 гласачи, се изјасниле 234 или 80,62 отсто.