Според обработените речиси 98 отсто од гласачките ливчиња во Дрќавната изборна комисија, во водство е кандидатот на Стево Пендаровски со 316.716 гласови, пред Гордана Силјановска Давкова со 315.651 гласови и Блерим Река со 76.697 гласа. Излезноста е 42,03 отсто, а бројот на неважечки ливчиња е 32.275 или 4,36 отсто.
На последната вечерна прес-конференција, претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференцијата рече дека денешниот изборен ден поминал во добра и мирна атмосфера, без посериозни забелешки од никој од ученсниците во кампањата нуту од набљудувачите.
Денешниот изборен ден мина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од ниту еден од учесниците во компањата, а немавме ни посериозни забелешки и од оние кои го набљудуваа процесот, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Деркорвски рече дека во вториот круг во кој се квалификуваа Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, очекува да помине во мирна и коректна атмосфера.
Сметам дека ја постигнавме целта од аспект на ДИК да спроведеме чисти, фер и коректни избори, рече Дерковски.
Се заблагодари до сите учесници што се држеле до Кодексот за фер и демократски избори. Изрази надеж дека и вториот круг во кој најверојатно ќе влезат двајцата кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе помине во мирна, фер и коректна атмосфера.