![dika](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/dika.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Доктор Артан Дика во „Патот кон“ на Алсат наведе неколку причини поради кои лекарите ја напуштаат државата.
Како што оценува тој, причината е во самиот систем којшто не е во состојба да ги задржи кадрите што ги создава.
-Системот кој не е способен да ги одржи кадрите што ги создава има неуспех, има причина во себе. Не можеме да негираме дека нашето општество е во длабока морална криза, имаме образование со сериозни проблеми, имаме зависно судство, несигурност во општеството и сето тоа го тера човекот да бега. Начинот на кој се избира и вработува кадарот во здравствениот систем има недостатоци и лоши страни кои тешко се наоѓаат во другите земји. Овде чистачките се ангажирани со директиви од партијата, а камоли докторите, рече Дика.