![krivicen 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/krivicen-1.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Претседателката на Собранието на Меѓународен сојуз, Агапи Дика, денеска во Кривичниот суд Скопје сведочеше за нејзината улога во организацијата, а на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски, дали таа била во Управа на финансиска полиција, одговори дека тој ден била изиграна.
– Ми се јави Бојан Јовановски, дека треба да одам во Финансиска полиција. Отидов и тие се чудеа зошто сум отишла. Таму ме познаваа многу луѓе. Тогаш разбрав дека некои пари се заробени. Сумата не се кажа. Се зборуваше за голема сума. Таму бевме со Јасна Мандиќ – рече сведокот Агапи Дика.
По испитувањето на Агапи Дика, свој исказ ќе даде сведокот Јордан Камчев. Тој во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.
Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.
Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Сведокот Дика, во Кривичниот суд Скопје, рече дека поврзаноста со Меѓународниот сојуз е преку Бојан Јовановски, (првообвинет, претседател на Меѓународен сојуз).