
Во средата утрото околу 7,40 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гевгелија го уапсиле 41-годишниот К.П. од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, повеќе шприцеви со остатоци од течност и повеќе кутии таблетки.
Мажот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.