Дилери од Македонија уапсени во Прага со големо количество хероин, околу милион евра и оружје

Полицијата во Прага уапсила четворица македонски државјани – дилери на хероин, објавија чешките медиуми. При апсењето, кај нив биле пронајдени повеќе од еден милион круни и илјадници евра, еден килограм висококвалитетен хероин и оружје.

Како што објави СДК.МК, уапсените се на возраст од 20 до 41 година, а еден од нив бил поранешен војник и имал искуство во војните во бивша Југославија.

Полициската акција се случила во јуни, но полицијата денеска ја објави, бидејќи, како што соопштил портпаролот Томаш Хулан, им било потребно време да завршат со вештачењето.

Проценка на полицијата е дека групата заработила милиони круни од шверц на дрога. Уапсените продавале хероин најмалку две години, а го носеле од Балканот. Уапсените се во притвор и се соочуваат со казни затвор до 10 години за дилање дрога, а еден е обвинет и за недозволено поседување оружје.