Струшкиот поет Димче Шипинкаровски доби меѓународно Признание и Сертификат за посебен придонес и афирмација на македонската и црногорската книжевност
На 25-08-2024 година од страна на Меѓународното Здружение “НЕКАЗАНО” од градот Бар – Црна Гора на македонскиот поет Димче Шипинкаровски од Струга му беше доделено посебно Признание и Сертификат.
ПРИЗНАНИЕТО се доделува за посебен придонес и афирмација на македонската и црногорската книжевност.
На седмиот меѓународен фестивал за љубовна поезија “ПЕСНИК СВЕТИОНИК” учествуваа повеќе од 120 поети од Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.
Поетот Димче Шипинкаровски настапи со својата песна “Момиче” која е изворно напишана на автентичен струшки дијалект и преведена на Српски јазик која е објавена во 7-миот број од списанието “Песник -Светионик”, а го издава Меѓународното Здружение за Книжевност “Неказано” од Бар Црна Гора.