Димитар Грабул елиминиран во Анталија

Тој беше поразен од седмиот носител на турнирот Кирил Дмитриев од Русија.

Дмитриев победи со 2:0 (6:2 , 6:4), па така Русинот ги продолжува натпреварите на турнирот во Анталија, каде наградниот фонд изнесува 10.000 долари.

Грабул доживеа елиминација и на натпреварите во двојки.