
Водителот Димитар Атанасовски и неговата професионална танцова партнерка Јована Василева со танго го напуштија најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите 2“.
Имено, Димитар и Јована во последната елиминациона емисија на „Танц со ѕвездите 2“ играа танго, но не успеаја да соберат доволно поени за да се пласираат во финалето. Тие се осмата танцова двојка која си оди дома.
Во големото финале на 24 март за победа ќе се борат Сара Мејс и Мишо Спасовски и Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.
Големото финале на втората сезона на „Танц со ѕвездите“ е закажано за понеделник (24 март) во „Студио 1“ на МРТ. Продукцијата за големото финале најавува многу забава и атрактивни гости од регионот кои ќе бидат соопштение во текот на неделата.