Македонскиот кошаркаарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ стави крај на една фантастична етапа со Хувентуд и си заминува од Бадалона по цели пет сезони, а во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од еден од најсилните тимови во шпанската лига.
Валенсија со огромно задоволство го претстави Димитријевиќ како прво големо засилување за следната сезона,
– Жртвата, болката, омразата, сомнежот, љубовта и поддршката од моето семејство и моите најблиски е она што ме доведе тука, онаму кадешто сакам да бидам. Пресреќен сум што се приклучувам на Валенсија. Супер возбуден сум за новата сезона, не можам да дочекам да започне истата, гласи првата порака која ја испрати Нено.