Димитријевиќ: Сите веруваме во подобар исход од оној меч во Тбилиси

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ е повторно дел од националниот тим.

Димитријевиќ не ги одигра првите три натпревара од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година. Но сега е подготвен да му помогне на тимот да дојдеме до првиот успех на мечот против Грузија.

„Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија. Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации. Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме “ – вели Димитријевиќ.