Денес почна 19-тото Светско првенство во Кендо во Милано, Италија. На ова првенство учествуваат 800 натпреварувачи од 63 земји.
Учесниците во сите категории се во групи по тројца или четворица каде што понатака во елиминации излегува тој со најмногу победи односно поени.
Денес беше категорија жени индивидуално
Ангела Атанасовска беше во група со Лопутева од Латвија каде што издвои победа од 1:0 а загуби од Камија од Канада која излезе како прва од групата. Ивона Лазаровска имаше победа над Моток од Романија и пораз од Хаеке од Белгија.
Утре настапува Машкиот сениорски тим кој е во група со Венецуела, Хрватска и Германија. Нашиот тим мора да оствари 3 победи за да продолжи во 1/16 финалето.
На следниот линк може да се пратат борбите на нашиот тим кои би почнале некаде околу 14х.