-Замрзнувањето на цените, без поддршка од Владата кон производителите, во многу клучно, предвидливо економско опкружување, ни дава резултати какви што ни дава во континуитет, а тоа е пораст на цените, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма.
Таа потенцираше дека ако се погледнат податоците од Државниот завод за статистика уште од минатата година цените на лебот и житата почнале да растат.
-Лани, зборуваме за лебот и за житата, ако ги погледнеме податоците на Државниот завод за статистика ќе видиме дека нема месец во кој тие цени не растат. Ама она што е многу интересно посебно во септември, октомври и ноември, тогаш имаме ненормално зголемување на цените во однос на сите претходни месеци. И сега се поставува прашањето, зошто е тоа така? Кога компанијата си прави продажна цена, таа во исто време ги калкулира сите трошоци и плус е и непредвидливо економското опкружување, а во тој период имавме и ситуација кога зборувавме за даночната реформа, објасни таа.
Потпретседателката истакна дека инфлацијата во Македонија започнала уште во 2020 година во август, но енормно се зголемила последните месеци.
-Инфлацијата кај нас и на лебот и на се, не почнува од 2021 година, туку почнува во 2020 година ако повторно ги погледнеме повторно податоците од Државниот завод за статистика, ќе видите дека веќе во месец август има инфлација во Македонија, но не е толку висока како што после почнува да расте, додаде Димитриеска Кочоска.