Димитриеска-Кочоска: Дали навистина власта се грижи за приватниот сектор?

Фејсбук објава на Гордана Димитриеска-Кочоска, член Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

„Дали навистина власта се грижи за приватниот сектор?
На 06.11.2020 Собранието на РМ го изгласа Законот за финансиска поддршка. Наместо веднаш се објави во Службен весник, тие се влечат. Министерство за финансии не сака да го објави правилникот пред да види дека во Службен весник е објавен законот, а УЈП иако се подготвени не можат официјално да постапат без правилник.
А фирмите во меѓувреме тонат, нивните сметководители се закачени на сајтот на УЈП и на секои 5 минути проверуваат дали Барањњето како документ е прикачено или не.
Она што е најстрашно е фактот дека денес согласно Законот е последен ден за аплицирање за субвенциите.
Се прашувам како ќе изгледа моментот кога Барањето ќе се прикачи и сите фирми ќе почнат да ја пуштаат платата.
Дали вицепремиерот Фатмир Битиќи и Министерот за финансии Фатмир Бесими ги мачи истово прашање?“, пишува Димитриеска-Кочоска.