Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција обвини дека владата за неполна година повторно ја задолжи земјата со повеќе од 1.150.000.000 евра со што долгот на четиричлено семејство во земјава пораснал за 2.400 евра.
Таа смета дека министерот за финансии Фатмир Бесими вчера ја манипулираше јавноста со изјавите за висината на каматата на новот задолжување и за податоците за приходите во буџетот.
Според неа, министерот намерно не ги кажал приходите од персоналниот данок кои во јануари имааа пад од 6 отсто, исто како и од ДДВ кои имаа пад од 10 отсто во јануари.
Што се однесува до каматата на еврообврзницата, рече таа ,Србија и Хрватска се задолжија пред нас на подолги рокови, а со пониски каматни стапки.
– И така со, според вас, стабилен буџет и добра наплата на приходите, вие издадовте нова еврообврзница ни помалку ни повеќе туку на 700.000.000 евра или креирате нов нето долг сега од 200.000.000 евра, и без нималку срам уште се фалите дека каматата била историски најниска.
И после толку години власт уште не научивте што влијае и како се формира камата на задолжувањето на меѓународните пазари на капитал. Дека каматата зависи од глобалната ликвидност, од потрагата за принос на инвеститорите, зошто на пазарот има само негативни приноси? – рече Димитриеска Кочоска.
Таа забележа и на високиот процент на учество на долгот во Домашниот бруто производ (БДП)
– Ако во 2016 година претставници на СДСМ велеа „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте” денес од оваа говорница ќе им порачам: Нема правда, ВИЕ Македонија ја однесовте во банкрот. Ве прашувам: ако нивото на јавниот долг од 48.8% од БДП кумулиран за 10 години владеење и две економски кризи го нарекуваа ГРЧКО СЦЕНАРИО, како го нарекуваат јавниот долг од 60,2% на крајот на 2020 година или од 6,5 милијарди евра, којшто и натаму ќе расте за дополнителни 450 милиони евра во 2021 година? – рече Димитриеска Кочоска
Таа даде забелшки и на забраната на Народна банка баниките на не исплаќаат дивиденди, алудирајќи дека тоа е направено да се обезбедат пари за владата.
– И сите Централни банки од регионот да забранат исплата на дивиденди на нивните банки, а потоа истите банки да ви ги дадат тие пари, Вие ќе ги потрошите без ефект видлив за нашата Македонија- рече Димитриеска Кочоска.