4.8 C
Skopje
среда, јануари 8, 2025

Димитриеска-Кочоска: Македонија има повисок пад од очекуваниот на Светската банка

Гордана Димитриеска Кочоска преку статус на Фејсбук пишува дека Македонија има повисок пад од очекуваниот на Светскатан банка.

-На почетокот на кризата (во април 2020 година) во рамки на редовните пролетни прогнози, Светска банка очекуваше дека падот на македонската економија во 2020 година ќе биде најнизок од сите балкански држави. И според песимистичкото сценарио беше оценет за најнизок (-3,2%).

НО, по година дена, остварувањата на БДП покажуваат дека сите земји испорачаа подобри резултати од очекуваните на Светска банка (односно понизок пад од очеуваниот), а МАКЕДОНИЈА има повисок пад од очекуваниот (-4.5%). Исклучок е Црна Гора, која што остварува најголем дел од БДП од туризам, каде падот беше повисок од очекуваниот. Е сега, дали се ова успешно спроведени економски политики на Владата на Заев? Србија има пад од 1%, Албанија пад од 3,3%. Плус на ова, имаме најнизок прогнозиран раст за 2021 година (3,6%), по БиХ (2,8%). Србија ќе расте со 5%, а Албанија со 4,4%!

Во 2020 година имавме и најниски странски директни инвестиции од сите земји (исти како со БиХ) од 1,9% од БДП. Во Црна Гора беа 11,2% од БДП, Албанија 6,9% од БДП, Србија 6,2% од БДП, Косово 4% од БДП, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.