Гордана Димитриеска – Кочоска повторно е исбрана за претседател на Комисијата за надзор на материјалното и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ. Првпат стапи на оваа финнкција пред 4 години, со доаѓањето на Мицкоски, но и во време кога започнаа обвиненијата кон многу партиски членови од кои дел и од оваа комисија.
-4 години заедно се боревме да ги поминеме сите препреки, чесно и достоинствено. Многу повеќе беше тешко отколку лесно.
После 4 години повторно ја добив вашата доверба да ја предводам комисијата. Знам дека нема да биде лесно. Колу пати сме си кажале дека ние ништо лесно во животот не сме постигнале. Било тешко, но ние не сме се откажувале.
Така ќе биде и овој пат.
Зошто нашиот карактер е пред се заслуга на родителите кои не воспитале.
Заедно до целта. Заедно ќе се бориме за да ја видиме Македонија онаква како што заслужува да биде, а народот среќен и задоволен.
Заедно како што еднаш кажавме, ова го правиме за нашите деца да се гордеат со нас. Тео и Нико со мене, а Јован и Антониј со вас. Секако, столбовите Гоце и Рози се тие без кои нашиот успех не би бил возможен.
Само на овој начин со негување на семејството, борбата за нивно подобро утре, борбата за својот народ и држава историјата ќе не памети.
И знам дека ќе успееме.
Благодарам уште еднаш на дадената доверба.
Честитки претседателе за новиот мандат.