![Gordana Kocoska 13022022](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/Gordana-Kocoska-13022022.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска и членовите на Извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски и Никола Мицевски во вторникот во рамки на кампањата „Промени се случуваат секогаш со народот“ ќе одржат средба со просветни работници од Општина Штип кои си ги бараат своите права за повисоки плати во исклучително тежок период.
Димитриеска Кочоска истакна дека просветните работници ја имаат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и партијата смета дека тие треба да го добијат заслуженото покачување на платите.
„Ние како политичка партија го поддржавме тој штрајк, сметаме дека треба да си ги остварат своите права, особено во овој тежок период кога економската состојба во државата е тешка, кога граѓаните секојдневно се борат со беспарица и со секојдневни тешки проблеми“, рече Димитриеска Кочоска.